Меѓународен ден на толеранција Печати
Среда, 16 Ноември 2011 15:00

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска, по повод Меѓународниот ден на толеранцијата, организираше заедничка средба на која присуствуваа претставници на повеќе подмладоци на политички партии меѓу кои и Претседателот на Младинскиот Форум на ДПТМ Билгин Демир.

 

Целта на средбата беше да се покаже дека и покрај различните политички опции, разликите во размислувањата, ставовите и идеите, младите политичари треба да демонстрираат одговорност.

 

- Не треба да се заборави дека нашата задничка заложба мора да бидат напорите за подобар живот на младиот човек во нашата држава. Ова ќе се постигне полесно и поефикасно доколку сите политички подмладоци конструктивно, со висока свест за општото добро, се вклучиме и го дадеме својот придонес на тој пат - посочи Спасов во своето обраќање.

 

Тој нагласи дека правдата, слободата и еднаквоста се основните вредности на едно демократско општество, и дека сето тоа не може да биде реалност доколку токму младите политичари не се обидат да ги разберат и прифатат различностите. Според Спасов, одлуката на одредени преставници на другите политичките подмладоци да не ја прифатат отворената покана за учество на средбата не придонесува за изградба на толерантен однос.

 

Билгин Демир од подмладокот на Демократската партија на Турците, ги повика младите лидери да направат нешто добро за државата, преку меѓусебна толеранција и присуство на сите политички партии на овие средби.  На денешната средба, претставниците на партиските подмладоци заклучија дека политичарите треба да се залагаат да не постои дискриминација по ниту еден основ.