| Панел - Радовиш |
|
|
|
|
На ден 11 Јануари 2010 година во Радовиш, од страна на Младинскиот Форум на Турската Демократска Партија беше организирано и спроведено панел. Панелот беше воден од страна на претседателот на Младинскиот Форум на град Радовиш Аксел Ципало. Целта на панелот беше да се запознат младите за форумот кој е во функција да им помогне на младите како во Радовиш така и низ цела Македонија. Во панелот присуствуваа голем број на млади студенти. На присутните им беше објаснето дека една од најважните цели на Младинскиот Форум е да се овозможи на младите од Радовиш да го продолжат своето образование. Исто така со ангажирање на спортски, културни и други важни активности ќе докажиме дека сме тука секогаш за младите и дека Демократската Партија на Турците не постои само додека има или се во тек некои избори, што значи тука сме секогаш во секое време да им помогнеме на сите млади. Се зборуваше и за коалиционите партнети како за соработка со нив така и со учество на идните активности заедно со нив. |









