Македонски (Macedonian)Turkish (Turkiye)
Balkan Youth Forum 2012 PDF Печати Е-пошта
Среда, 04 Април 2012 08:00

Младинскиот Форум на ДПТМ ќе учествува на меѓународна конференција „Balkan Youth Forum 2012“ која ќе се одржи од 5ти до 9ти Април, 2012 година во Крагуевац, Србија. Balkan Youth Forum 2012 е прва конференција од ваков вид на Балканот и воедно претставува одлична можност за соработка помеѓу студентите од целиот Балкан. Студентите ќе имаат можнпст да ги следат предавањата на реномирани политичари од Балканот, универзитетски професори, како и економисти и политиколози од САД.

Од вкупно 100 млади кои ќе учествуваат во оваа конференција од Младинскиот Форум на ДПТМ ќе учествува Мр. Адмир Дајо, кој е избран во Комисија за Финансии. Главната тема на оваа комисија ќе биде: „Како да се зголеми ликвидноста на берзите, да се привлечат странски инвестиции и да ги прошират можностите за инвестирање на Балканот?“

 

Активности на Balkan Youth Forum 2012

  • Запознавање и соработка помеѓу учесниците
  • Краток осврт на историјата на Балканот во XX и XXI век
  • Работилници креирани според интересите на студентите од различни факултети
  • Изработка на резолуции (според моделот на Европскиот Парламент)

 

Темите на конференцијата се поделени во два главни модули

  • Економски аспекти на регионалната интеграција
  • Политички аспекти на регионалната инреграција

 

Банер