Македонски (Macedonian)Turkish (Turkiye)
Политички тренинзи PDF Печати Е-пошта
Среда, 12 Октомври 2011 00:00

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид ги заокружи и успешно ги имплементираше тренинзите од програмата “Политички дијалог меѓу младите политичари во Република Македонија“ каде што беа приклучени и членовите на Младинскиот Форум на ДПТМ.

 

Членовите на младинските организации на политичките партии, беа поделени во групи од мешан карактер и активно земаа учество во тренинзите и дискусиите по наведените прашања. Предавањата на експертите/тренерите на Институтот Охрид и дискусиите опфатија повеќе теми и полиња на интерес, меѓу кои односот на малцинствата и поединецот, малцинствата како политичка категорија, стратешко планирање во политиката, начини на креирање на стратегии, а воедно се иницираа и различни теми на дискусии и дебати како на пример, Европските аспирации на Македонија, Европската унија и институциите, Спорот на Р. Македонија со соседот, Рамковниот договор, историјата на Р. Македонија и нејзиниот развој итн.

 

Младите политички активисти се здобија со одлична теоретска поткованост која ќе можат да ја искористат во нивните подоцнежни политички кариери, но и совети и трикови како успешно да имплементираат стратегии во партиските подмладоци во кои припаѓаат. Преку вежби и дискусии, младите се запознаваа и создадоа контакти и познанства, а воедно се начнаа и неколку иницијативи за соработка меѓу младинските организации на политичките партии. Исто така, младите политичари имаа можност да развијат дискусии и дебати на различни теми. Воедно сите се согласија дека на Република Македонија и фали дебата, повеќе нема отворени дискусии на политички теми, а воедно повеќе неми никакви дебати. Секоја можност која ја имаат овие млади луѓе да дискутираат, да разговараат на одредени прашања, да се спротивставуваат меѓусебно и отворено да дебатираат е повеќе од значајна.

 

Тренинзите на Институтот ОХРИД имаат за цел да го подигнат нивото на политички дијалог помеѓу младите политички активисти, да им се дадат правилни насоки за продолжување на дијалогот и кога ќе влезат уште поактивно во политичкиот ринг. Меѓудругото, тренинзите претставуваа едукативна платформа за идните активности кои Институтот Охрид ги подготвува.

 

2grup1
2grup2
4grup1
7grup
8grup
1/5 
start stop bwd fwd

 

Банер