Македонски (Macedonian)Turkish (Turkiye)
2011 „Election Exchange" програма PDF Печати Е-пошта
Четврток, 02 Јуни 2011 11:52

Младината на владејачката партија на премиерот Реџеп Тајип Ердоган во Р.Турција Партија на праведноста и развојот од 3 до 13 Јуни за прв пат организира „Election Exchange" програма каде што од Македонија поканети се Младинскиот Форум на Демократска Партија на Турците и коалициониот партнер УМС на ВМРО-ДПМНЕ претставени од генералниот секретар Фуад Хаџи Ејуп и претседателот за надворешни работи Умит Реџеп односно Владимир Нелоски.

 

Поканети се 100 млади од 45 држави низ целиот свет за да ја доживеат возбудата на предизборната атмосфера во Турција каде што парламентарните избори ќе се одржат на 12 јуни во недела и исто така со цел да се зајакне глобалната поврзаност. За иста цел многу млади од Турција ќе бидат испратени во другите земји.

 

Покрај подготовките на митинг плоштади, младите ќе ги посетат куќите, трговците како и невладините организации со тоа што ќе имаат можност да видат како функционира предизборната кампања во Турција.

 

Со цел зајакнување на врските помеѓу земјите ќе бидат испратени пораки за глобалниот мир и солидарност а исто така младите ќе бидат информирани за целите „2023" и Турската политичка историја.

 

Во оваа „Election Exchange" програма ќе се одржат општествени дејности каде што за младите од Македонија ќе биде важен чекор за зајакнување на меѓукултурниот дијалог.

 
Банер
Банер

Банер